Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ердоган ги повика сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија

15 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

За време на говорот во Парламентот, Ердоган рече дека курдската милитантна група ЈПГ е најголемиот проблем во Сирија по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад.

Тој додаде дека групата „ќе го дочека својот крај“ доколку не го остави оружјето.

Тој исто така рече дека доколку забранетата Курдска работничка партија го игнорира повикот на нејзиниот лидер Абдула Оџалан да го остави оружјето, Турција ќе ја постигне својата цел за елиминација „на друг начин“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ