Конкурсот трае до 15 март 2025 година, по што панел од независни експерти за урбана одржливост ќе ги разгледа и оцени перформансите на градови апликанти според седум еколошки индикатори - квалитетот на воздухот; квалитетот на вода; биолошкиот диверзитет, големината на зелените површини и одржливото користење на земјиштето; управувањето со отпадот и циркуларната економија; бучавата; ублажувањето на климатските промени; и адаптацијата на климатските промени.
Врз основа на препораките на експертите и проверките на фактичката состојба, Комисијата во текот на јуни или јули ќе ги избере градовите финалисти, а победниците ќе бидат соопштени во октомври годинава.
Право на учество на конкурсот имаа градови од земјите членки на ЕУ и на ЕФТА и тоа оние со над 100.000 жители за наградата „Европската зелена престолнина“, а оние со од 20.000 до 100.000 за „Европски зелен лист“.
Лауреатот на наградата „Зелена престолнина“ ќе добијат 600.000 евра, а на „Зелен лист“ 200.000 евра. Целта на оваа финансиската награда е да ги поддржат напорите на победничките градови во спроведувањето иницијативи за подобрување на нивните еколошки перформанси, особено во текот на годината за која го добиле признанието.
Европската комесарот за животна средина, отпорност на водите и конкурентна циркуларна економија Јесика Розвол ги повикува европските градови да аплицираат за наградите.
- Ова е можност да покажете колку сте одржливи и да споделите инспиративни приказни и најдобри практики со другите градови за да станеме позелени. Повеќето Европејци живеат во градовите, па затоа да ги направиме здрави и пријатни за живот и за што е можно поодржливо деловното работење, порача Розвол.
Според статистичките податоци, повеќе од две третини од населението во Европа живее во градовите и тие играат водечка улога во социјалната, еколошката и економската трансформација, кои се приоритети поставени со Европскиот зелен договор.
Целта на наградите е да се охрабрат градовите да станат позелени и почисти. Наградите ги промовираат и наградуваат напорите на европските градови што се стремат да го подобрат квалитетот на животот на нивните жители и да го намалат влијанието врз глобалната животна средина.
Наградата „Европска зелена престолнина“ досега им е доделена на 17 градови, а „Европски зелен лист“ на 19, кои станаа дел од постојаната растечка мрежа на европски градови што споделуваат заедничка визија и експертиза и ги инспирираат другите да ги следат нивните стапки.
Лани „Европска зелена престолнина“ беше Валенсија, годинава е Вилнус, а во 2026-те ќе биде Гимараеш.
Носители, пак, на наградата „Европски зелен лист“ лани беа словенечко Велење и данскиот Елсиноре, за 2025 – шпанскиот Виљадеканс и италијанскиот Тревизо, а догодина – финската Ваза и португалската Агуеда. /MИА