Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Фонсека бргу ќе најде нова работа, стигна понуда од Евертон

10 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Португалскиот фудбалски стратег Пауло Фонсека би можел да продолжи со работа во Премиер лигата бидејќи англиски Евертон го наведува меѓу кандидатите за замена на отпуштениот Шон Дајч.

Фонсека се раздели со својот поранешен клуб Милан на крајот на декември, откако миланскиот клуб реши да ја активира клаузулата која му дозволува да биде исплатен за само една година од неговиот договор доколку добие отказ во првите шест месеци од неговиот престој.

Втор кандидат за тренерското место во Евертон е Дејвид Мојс, доколку 51-годишниот Пауло Фонсека ја одбие понудата на „карамелите“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ