„Намерата на неколку европски земји да ја признаат палестинската држава е награда за тероризмот“, изјави денеска Нетанјаху.
Израелскиот премиер тврди дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег го поддржуваат масакрот извршен на 7 октомври.
„На тоа зло не може да му се даде држава. Тоа би била терористичка држава и ние нема да се согласиме со тоа“, нагласи тој.
Тој додаде дека „наградувањето на тероризмот нема да донесе мир“ и дека нема да го спречи Израел да го победи Хамас.
Решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт предвидува независна палестинска држава која мирно постои рамо до рамо со Израел.
Нетанјаху се противи на решението за две држави, како и палестинското исламистичко движење Хамас, кое што не го признава Израел.