Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се зголеми на
десетмина, а речиси 10.000 структури се уништени, додека округот продолжува да
се бори со пет активни пожари, на кои сила им даваат пустински ветрови.
Пожарот Палисадс меѓу градовите Санта Моника и Малибу и
пожарот Истон кај Пасадена веќе се сметаат за најразорните во историјата на Лос
Анџелес, зафаќајќи површина од над 13.700 хектари и претворајќи цели населби во
прав. Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, изјави дека се очекука
бројот на загинати да расте.
„Изгледа како атомски бомби да се фрлени во тие области. Не
очекувам добри вести, веруваме дека бројот на жртви ќе се зголемува“, кажа
Луна.
Штетите и економските загуби се проценуваат на 135-150
милијарди долари.
„Веќе гледаме напред кон агресивна обнова на Лос Анџелес“,
изјави градоначалничката Карен Бас, која Доналд Трамп ја критикуваше за тоа
како се справува пожарите.
Брзо растечки пожар избувна вчера близу Калабасас, еден од
најбогатите градови во САД кој е дом на бројни славни личности и затворени
заедници. Пожарот Кенет за само неколку часа се проширил на 388 хектари.
Властите притоа по грешка испратиле наредба за евакуација на 9,6 милиони жители
на Лос Анџелес, иако тоа се однесувало само на областа на пожарот Кенет.
Ветровите повторно се засилија во текот на ноќта, па
предупредувањето за висок ризик од пожари ќе остане на сила и денес
Економските загуби предизвикани од шумските пожари во
округот Лос Анџелес достигнаа рекордни нивоа, достигнувајќи близу 50 милијарди
долари, според проценката на американската мултинационална компанија за
финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan). Во последните 24 часа, штетите
речиси се удвоија, пренесе Си-Ен-Ен.
Од вкупната сума, се проценува дека осигурените загуби
надминуваат 20 милијарди долари, а оваа бројка може дополнително да порасне, во
зависност од тоа кога пожарите ќе бидат ставени под контрола.
„Џеј Пи Морган“, најголемата банка во САД, во својот
извештај за влијанието на пожарите врз индустријата, наведува дека овие загуби
го прават шумскиот пожар во Лос Анџелес двојно поголем удар за осигурителната
индустрија во споредба со пожарот во кампот на округот Бат во 2018 година, кој
тогаш предизвика штети од 10 милијарди долари.
Оваа криза, освен што ги исцрпува ресурсите на
осигурителната индустрија, има и огромно влијание врз економијата и животната
средина во регионот.<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US"></span>