Германскиот канцелар Олаф Шолц го блокирал доделувањето на дополнителен
пакет воена помош за Киев во износ од три милијарди евра, што го промовираат
министерката за надворешни работи Аналена Баербок и министерот за одбрана Борис
Писториус, пишува магазинот „<a href="https://www.spiegel.de/politik/ukraine-krieg-olaf-scholz-blockiert-milliarden-paket-fuer-fuer-kiew-a-15318d4e-bc41-40e1-9a31-1d57409db2d5">Шпигел</a>“, повикувајќи се на свои извори.
Според пишувањата на медиумите, министрите би сакале да
обезбедат нова помош пред изборите во Бундестагот закажани за 23 февруари.
Експертите во германските вооружени сили, Бундесверот, дури
подготвија список на оружје, во кој беа вклучени уште три системи за воздушна
одбрана Ирис-Т, вклучувајќи гранати, ракети Патриот, десет хаубици и муниција.
„Дер Шпигел“ пишува дека се планирани три милијарди евра да
поминат низ буџетската комисија на Бундестагот како дополнителна потрошувачка.
Германската влада, наводно, претходно ја користела оваа „дупка“ за да обезбеди
помош за Киев.
Бербок и Писториус имаа намера да испратат сигнал дека
Германија нема да ја ублажи поддршката за Украина откако Доналд Трамп дојде на
власт во САД, пишува германскиот магазин.
Сепак, канцеларијата на Шолц неформално стави до знаење дека
нема да одобри дополнителен пакет воена помош. Таму, како што пишува весникот,
својот став го оправдале со тоа што не сакале на новата германска влада да и ја
претстават свршен факт, а истакнале и дека Берлин има уште доволно средства да
ја финансира испораката на оружје во Киев.
Буџетот за 2025 година предвидува околу четири милијарди
евра за овие цели, додава весникот. Дополнително, канцеларијата на Олаф Шолц
потсети на одлуката на Г7 да и обезбеди заем на Украина со средствата од
замрзнатите руски средства.
Сепак, како што пишува Шпигел, Социјалдемократската партија
на Германија смета дека Шолц едноставно нема намера да најави нова помош за
Киев во екот на изборната трка.
Да потсетиме, „Велт“ претходно објави дека германската
министерка за надворешни работи Аналена Баербок не ја отфрли можноста за
испраќање германски војници во Украина за следење на евентуалниот прекин на
огнот.
По нејзината изјава се огласи и Шолц <span style="mso-spacerun:yes"> </span>која рече дека Берлин не размислува за
испраќање германски војници во Украина.
Инаку, Германија е вториот најголем снабдувач на оружје за
Украина по САД. Германија обврза идни трошоци за Украина од околу 28 милијарди
евра. Според буџетскиот договор за 2025 година, Берлин треба да одвои околу
четири милијарди евра за воена поддршка на Украина, што е половина од износот
во 2024 година. Меѓутоа, Бундестагот се уште не го одобрил буџетот.