Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со
злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко
Филипче, соопштија од партијата.
Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни
содржини,<span style="mso-spacerun:yes"> </span>повици за членски книшки,
повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на
приватни пораки.
Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да
не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од
страна на измамниците кои го креирале.
Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на
СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација
којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.
Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за
негово бришење, велат тие.