Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека интерпелацијата
против четворица членови на неговиот кабинет во Собранието во петок ќе биде
неуспешна.
– Очекувам напади од страна на опозицијата, кои ќе се
поларизираат, и очекувам дека ќе потикнат чувства на меѓуетничка нетолеранција,
но тоа ќе биде јалово и ќе заврши како неуспешен обид. Очекувам несновани
критики, кои немаат никаква врска со реалноста. Но, добро, таква ни е
опозицијата во овој момент. Се надевам дека ќе извлечат поука, многу скоро
програмски ќе се реконструираат и кадровски ќе се освежат. Потоа очекувам
кадровски промени во опозицијата. Таму гледаме некредибилни луѓе, имаме
меморија и знаеме што сè правеа во минатотото и во институциите – рече денеска
премиерот Мицкоски, прашан за коментар во врска со претстојните интерпелации.
На пленарната седница во петок се закажан интерпелации за
првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу
заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски,
заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и за пратеничката и
претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и
млади Илире Даути.