<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Епидемиологот
Драган Даниловски објаснува дека нема потреба од страв и паника меѓу
населението во Македонија откако во соседството се појави случај на
метапневмовирус. Според докторот, во моментов во умерените климатски подрачја
на планетава, на северната хемисфера вообичаено е трендовите на акутните
респираторни инфекции да се зголемуваат во овој период од годината.</span>
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Појаснува
дека овие зголемувања обично се предизвикани од сезонскиот грип, респираторниот
синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени респираторни вируси, во кои спаѓа и
човечкиот метапневмовирус (human metapneumovirus – HMPV), како и „mycoplasma
pneumoniae“.</span>
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Во
умерените климатски подрачја на планетава – во моментов, на северната хемисфера
– вообичаено е трендовите на акутните респираторни инфекции да се зголемуваат
во овој период од годината. Овие зголемувања обично се предизвикани од
сезонскиот грип, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени
респираторни вируси, во кои спаѓа и човечкиот метапневмовирус (human
metapneumovirus – HMPV), како и mycoplasma pneumoniae. Оттаму, извештаите во
медиумите за зголемен број хоспитализации во Кина, наводно, заради инфекции со
НMPV, не се докрај точни, зашто, таму зголемен е бројот и на сите други
респираторни вируси! Како што е сосема вообичаено во зима! Патем, НMPV воопшто
не е нов вирус (како што беше короната)! Тој е дел од „коктелот“ респираторни
вируси кои се „добри познајници“ на човекот, отсекогаш. Што значи дека
човечкиот организам веќе има воспоставено одбранбени механизми против него. Што
значи, исто така, дека сите треба да бидеме апсолутно спокојни! Место за страв
од нова пандемија нема! А вознемирувачките написи во порталите – игнорирајте
ги! Мерките за превенција и третман се сосема исти како за обичните настинки,
пишува докторот.</span>
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Метапневмовирусот
се пренесува преку близок контакт. Смртноста е пониска од грипот.</span>