Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ристовски: Не сакам да бидам арогантен, но титулата ќе заврши на „Максимир“

28 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Динамо Загреб во моментов е третопласиран во ХНЛ, но се уште има шанси за шампионска титула. Викендов „модрите“ ќе играат против Хајдук и тоа во Сплит.

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски е оптимист. Тој е убеден дека титулата ќе заврши на „Максимир“.

Уведен сум дека успешно ќе ја извлечеме сезоната!

Секако дека ќе биде така. Не сум арогантен и препотентен, знам што зборувам и каков квалитет има нашата соблекувална. Респект секому, ама титулата пак ќе се слави на „Максимир““, изјави Ристовски.

Во моментов водечка во ХНЛ е Ријека со 59 бода, Хајдук е втор со 55, додека Динамо има 54, но и натпревар помалку.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ