Винисиус е посебен случај. Се чини како да нема натпревар кога тој не е вмешан во инцидент. Така беше и на мечот со Валенсија кога го удри Столе Димитриевски и заработи исклучање, а така беше и синоќа на средбата со Мајорка кога во неколку наврати беше во “дуел“ со Пабло Мафео, а по мечот на патот до соблекувалните и со Ману Морланес.
Јасно е дека и Мафео, кој даде предизвикувачка изјава пред оваа средба и тоа како беше во елемент и ги провоцираше „кралевите“, но затоа Винисиус го повтори она што сите го знаат. А тоа е дека има краток фитиљ и дека најлесна работа на светот е да го испровоцираш.
Ова за Реал Мадрид навистина станува проблем. Нема меч на кој Винисиус Жуниор не е во преден план, но не само поради фудбалските вештини кој несомнено ги има Бразилецот, туку и поради се она што не треба да го прави еден од најдобрите фудбалери во светот.
Their was a fight after the game due to the fact that Maffeo said he would beat Vinicius in a fight in 10 seconds. pic.twitter.com/sXDMFtLJ8F
— 𝐕𝐉𝐑 (@TeamVini7) January 9, 2025
🚨EXCLUSIVA JIJANTES 👀
🎥 Así ha entrado Vinicus al túnel de vestuarios atacando a los jugadores del Mallorca una vez acabado el partido👇🏻
🔗 https://t.co/OGW0AKAWMl pic.twitter.com/VVD5bX22ZM
— Jijantes FC (@JijantesFC) January 9, 2025