Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Поранешен англиски репрезентативец новогодишната ноќ ја мина во болница!

1 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд кој е и поранешен репрезентативец на Англија со девет настапи, на 31 декември заврши во болница. Батланд имал сериозно внатрешно крварење и тоа по само 11 денови откако по четврти пат стана татко.

Голманот на шкотскиот гигант ја минал новогодишната ноќ во болница но на 1 јануари е пуштен на домашно лекување.

Ова значи дека Батланд нема да биде дел од големото дерби во Шкотска, а тоа е дербито Глазгов Ренџерс – Селтик кое е на програмата утре од 16 часот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ