Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ла Лига и РФЕФ пресудија: Олмо нема да добие лиценца за настап во Барса!

4 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
На Барселона и беше одбиено и последното барање за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор. Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) објавија заедничко соопштение.

„Комитетот за следење на координативниот договор меѓу Ла Лига и РФЕФ се состана за да го разгледа барањето за прелиминарно одобрување и регистрација на лиценците на Дани Олмо Карвахал и Пау Виктор. Откако Барселона ги исполни барањата за економска контрола на 3 јануари 2025 година и ја комплетираше релевантната документација, телото за ревизија на буџетот на Ла Лига одлучи да го продолжи лимитот за трошоци за персонал од горенаведениот датум. По разгледувањето на правилата на федерацијата, Комитетот за контрола се согласи да не и ја даде привремената виза и лиценца побарана од Барселона за Олмо Карвахал и Виктор во согласност со толкувањето на членовите 130.2 и 141.5 од Општите регулативи на RFEF, кои не дозволуваат играч кому му е одземена лиценцата да добие лиценца во истата сезона во истиот тим“, се вели во соопштението.

Сега Барселона може да поднесе жалба до Врховниот спортски совет и до редовните судови.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ