Фудбалерите на Њукасл ја извојуваа петтата последователна победа во Премиерлигата откако во дербито од 20. коло славеа на гости кај Тотенхем со 2:1. Домашните поведоа веќе во четвртата минута со голот на Доминик Соланки, кој одлично се справи со центаршутот на Педро Поро и со глава го совлада немоќниот Мартин Дубравка.
Радоста на домашните траеше само две минути, бидејќи на спротивната страна резултатот за Њукасл го израмни Ентони Гордон.
Веќе во 11. минута Соланки можеше да го врати водството на Тотенхем, но неговиот удар еше изблокиран, а Њукасл направи целосен пресврт во 38. минута кога Александар Исак со помош на Драгушин донесе гол за водство и на крајот победа на гостите.
Тотенхем имаше неколку блескави шанси за изранување во последните 20-тина минути од мечот, но не успеа да реализира ниту една.