Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Поради насилствата во Купот: Утре Џенова пред празен стадион го пречекува Јуве

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Натпреварот меѓу Џенова и Јувентус во италијанското фудбалско првенство утре ќе се игра без навивачи поради неодамнешното насилство во Џенова на маргините од Купот на Италија, соопштија локалните власти.

По препорака на Опсерваторијата за спортски настани, која ги надгледува безбедносните прашања, властите на Џенова одлучија натпреварот да се одигра без публика на стадионот „Луиџи Ферарис“.

Во средата, натпреварот меѓу Џенова и Сампдорија беше проследен со судири и насилство, пред и по натпреварот. Од полицијата објавија дека имало дури 41 повреден полицаец.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ