Паоло Фонсека и неговите момци полека фаќаат ритам. Милан обезбеди трета победа во серија во италијанското калчо и со тоа полека се пробива кон самиот врв на табелата. Вечерва „росонерите“ пред своите навивачи славеа со 3:0 против екипата на Лече во првиот натпревар од 6. коло на Серија А.
Се беше решено во првите 45 минути. Мората отвори за 1:0 во 38. минута, три минути подоцна Тео Ернандес зголеми на 2:0, а во 43. минута со голот на Пулишиќ веќе беше и 3:0. Овој блицкриг на Милан беше решавачки и за преостанатиот дел од мечот во кој гостите беа поконкретни, но не успеаја да постигнат макар почесен гол.
Милан го заврши мечот со играч помалку, по исклучувањето на Бартезаги.