Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

По две ремија Лајпциг со нова убедлива победа, Ундав го спаси Штутгарт (ВИДЕО)

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Лајпциг ја остварија најубедливата победа во новото коло на германската Бундеслига, откако денеска на домашен терен со 4:0 беа подобри од екипата на Аугзбург. Без нашиот Елиф Елмас, кој поради повреда не беше во составот, „биковите“ успеаја да дојдат до посакуван триумф, откако во минатите две кола Лајпциг двапати ремизираше. Првите два гола ги постигна Шешко (1:0, 2:0), а потоа на 3:0 зголеми Опенда, за конечните 4:0 да ги постави Симонс.

Изненадувачки убедлива победа на гости обезбеди Ст. Паули. Новајлијата со 0:3 беше подобар на гостувањето од екипата на Фрајбург. Борусија Менхенгладбах со гол во последните минути дојде до победа над Унион Берлин од 1:0, Хајденхајм го совлада Мајнц на гости со 0:2, додека Волфсбург имаше победа в рака на мечот со Штутгарт (2:1), но дозволи гостите со играч помалку да израмнат во 97. минута преку Ундав за конечни 2:2.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ