Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Адеми со гол, Ристовски со асистенција за Динамо (видео)

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми продолжува да „тресе“ во дресот на Динамо. По голот во куп натпреварот против Бањоле, Адеми погоди и против Локомотива во 8 коло од ХНЛ.
Во 51 минута Адеми излезе напред неговиот шут прво го одбран голманот, а потоа одбиената топка со глава ја смести во голот за водство на својот тим од 3:0 во тие моменти. Адеми играше до 63 минута.
Стефан Ристовски исто така беше стартер, а тој му асистираше на Батурина за првиот гол на мечот.

Инаку Динамо победи со 5:1.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ