Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Раул Хименез од денес е Мексиканец со најмногу голови во Премиер лигата

5 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Раул Хименез од денеска е најдобриот мексикански стрелец во историјата на Премиер лигата.

Напаѓачот на Фулам постигна два гола на натпреварот од 20. коло од Премиер лигата против Ипсвич (двата од пенал) кој заврши нерешено, 2:2.

Со тоа Хименез сега има 55 гола во англискиот шампионат. Тој стана најдобар стрелец во Премиер лигата од сите Мексиканци кои настапувале во првенството, минувајќи го на вечната листа Хавиер Ернандез (Чичарито), кој играше за Манчестер Јунајтед и Вест Хем и кој имаше 54 гола во едно од најсилните европски национални првенства.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ