Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мурињо и Фенер стартуваа со победа во ЛЕ!

26 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вечерва се играат уште девет средби од 1.коло во Лигата на Европа. Во терминот од 18:45 часот се играа два меча. Во Истанбул, домашниот состав на Фенербахче успеа со 2:1 да слави над составот на Унион од Белгија, па така избраниците на Жозе Мурињо дојдоа до трите бода на стартот од ова натпреварување.

Сепак не беше лесно за турскиот гигант кој се изнамачи за да дојде до победата.

Сојунчу донесе водство во првиот дел, за да Бурџес во 82.минута суи даде автогол за 2:0 за Фенер.

Но тоа не беше се од овој меч. Во 90+2 Ивановиќ не реализира пенал за гостите, за да една минута подоцна Сајк сепак намали за конечни 2:1.

Во вториот меч, екипата на Ренџерс со 0:2 славеше на гости кај Малме. Стрелци на головите беа Бајрами и МекКаусланд.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ