Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Месец на вистината за ПСЖ: Елиминацијата од ЛШ е сосема реалн, а Енрике е возбуден

3 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике изјави дека јануари ќе биде возбудлив, неговиот тим ќе се обиде да го освои домашниот шампионски трофеј и да избегне елиминација од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Пари Сен Жермен отпатуваа за Доха, каде во недела ќе играат против Монако за трофејот на шампионите, односно францускиот Суперкуп.

Шпанскиот стручњак на кратката видео прес-конференција во авионот изјави дека со згуснатиот распоред и мечот против Монако: „Тимот го очекува возбудлив период“.

ПСЖ последните два натпревари од првата фаза од Лигата на шампионите ќе ги одигра на домашен терен на 22 јануари против Манчестер Сити и седум дена подоцна во Германија против Штутгарт.

Во нокаут фазата одат 24 екипи, а Пари Сен Жермен моментално е 25-ти.

„Што повеќе натпревари, тоа е подобро. Купот, Трофеј на шампионите, Лига на шампиони, се доаѓа во исто време“, наведе Енрике.

Тој зборуваше и за можното купување на играчи во јануарскиот преоден рок.

„Отворени сме за можности да го засилиме тимот, но имам среќа да тренирам тим од ова ниво. Потешко е да се донесе играч во зима, бидејќи најдобрите играчи ги нема. Но, јас сум мирен бидејќи тимот е во полн развој и ќе ја подобри играта“, изјави Шпанецот.

Капитенот Маркињос изјави дека тимот е мотивиран за претстојните натпревари.

„Сега е вистинскиот момент во сезоната, добро ни оди во првенството и Купот, во Лигата на шампионите имаме шанса да поминеме, не очекуваат важни натпревари и тоа не мотивира“, изјави тој.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ