Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Тотенхем го претстави новиот голман, за него плати 16 милиони евра

5 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лондонски Тотенхем денеска и официјално потврди дека во клубот пристигнал нов голман. Станува збор за 21-годишниот чешки фудбалер, Антонин Кински, кој доаѓа за 16 милиони евра од Славија Прага.

Тој потпиша договор со лондонскиот тим на шест и пол години, односно до летото 2031 година. Новиот голман вчера беше на лекарски прегледи во главниот град на Англија, откако Тотенхем беше поразен со 2:1 од Њукасл.

Голманот ќе го носи дресот со број 31, а се очекува дури и да влезе во стартниот тим на местото на Фрејзер Форстер (36), кој со своите игри разочара.

Фабрицио Романо најави дека во зимскиот преоден рок ќе има уште промени во редовите на Тотенхем, па останува да видиме какви ќе бидат тие.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ