Досегашниот напаѓач на француски Лион, Гифт Орбан е нов играч на тимот на Хофенхајм.
Офанзивецот, кој во моментов има 22. години, го чини бундеслигашот девет милиони евра, но во договорот има и бонуси во висина од 3 мил. евра, како и 7,5% од секоја наредна продажба, која ќе оди во касата на Лион.
Орбан дојде во францускиот тим од Гент на почетокот на 2024 година за 14 мил. евра, но не успеа премногу да се наметне, па очигледно Лион решава проблем со неговата продажба.
Нигериецот сезонава настапи на само пет меча, на кои пак постигна два гола.