Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше задоволен од ремито 2:2 на гостувањето кај Ливерпул. Според него, неговиот тим заслужил и повеќе од бод.
„Можеби тоа не беше совршен натпревар, но сепак беше очигледен чекор во вистинската насока. Очекувањата беа многу големи. Мислам дека нможевме да постигнеме многу повеќе. Мораме да играме со желба против секој противник за да можеме да се извлечеме од тешката ситуација во која се наоѓаме. Способни сме да бидеме конкурентни, конкурентни со другите. Сосема ми е јасно дека во следните два месеци работите треба многу да се сменат, бидејќи претходните два месеци беа големо разочарување“, вели Аморим.