Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Хари Мегваер објасни зошто транзицијата на Аморим е тешка за Јунајтед

30 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: Манчестер Јунјатед/Твитер

Преминот на Манчестер Јунајтед од Ерик тен Хаг во Рубен Аморим нема да биде лесен бидејќи стиловите на двајцата менаџери се сосема различни, но тимот има целосна доверба во новиот тренер, изјави дефанзивецот Хари Мегваер.

39-годишниот поранешен португалски тренер на Спортинг Лисабон има четири победи, пет порази и еден нерешен од 10-те натпревари откако ги презеде „црвените ѓаволи“ во ноември.

„Се работи за различни менаџери и стилови. Не е дека тие дојдоа и имаа слични стилови“, изјави Мегваер за Sky Sports и продолжи:

„Тие се сосема спротивни во однос на она што го бараат, па преодниот рок ќе биде тежок. Сите имаме голема верба во менаџерот и целиот негов стручен штаб. Сигурен сум дека работите ќе се свртат“, додаде дефанзивецот на Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ се подготвуваат вечерва да му гостуваат на Њукасл во натпревар од 19. коло на Премиер лигата, каде што ја заземаат 14. позиција.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ