Искусниот бразилски репрезентативец Каземиро е на излезни врати од Манчестер Јунајтед. По неодамнешните лоши резултати кои ги бележи тимот предводен од Рубен Аморим, неколку фудбалери ќе си заминат од таборот на „црвените ѓаволи“ меѓу кои е и Каземиро.
Фабрицио Романо пренесува дека доколку Манчестер Јунајтед добие добра понуда за бразилецот тие не би имале ништо против тој да го напушти клубот. Освен Каземиро на излезни врати од Јунајтед се и Виктор Линделоф и Кристијан Ериксен кои исто така би можеле да го напуштат клубот уште во зимскиот преоден рок.
Каземиро пристигна во Манчестер во 2022 година за сума од 70 милиони евра од Реал Мадрид.