Во првиот дел од сезоната во шпанската Ла Лига имало најмногу ВАР одлуки во корист на Барселона. Во досегашните 18 одиграни кола ВАР технологијата интервенирала вкупно 83 пати, а најмногу интервенции имало во корист на Барселона.
Досега во корист на Барселона биле 8 ВАР одлуки, најмногу од сите тимови во лигата. На второто место со 7 ВАР одлуки во нивна корист е Виљареал, а на третата позиција е Атлетик Билбао со 6 ВАР одлуки. За разлика од Барселона која има најмногу ВАР одлуки во своја корист нејзините најголеми ривали Реал и Атлетико Мадрид имаат најмалку ВАР одлуки во нивна корист со по 3.