Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Гвардиола до Арсенал: Сакате војна? Нема проблем ќе се бориме!

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, реагираше на зборовите на дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магалес по дербито меѓу двата тима кое заврши со 2:2. Натпреварот беше проследен со многу тензии и контроверзни судиски одлуки. Самиот Габриел беше удрен со топка во глава од Ерлинг Халанд, по што изјави дека ваквите провокации се нормални и ривалството меѓу тимовите го спореди со војна.

„Мислам дека понекогаш емоциите ескалираат. Габриел убаво го објасни тоа по мечот. Ова е војна, треба да го испровоцираш противникот, да го притискаш. Ако ме провоцираш – добро, тука сум. Сакаш војна? Така ќе се бориме. Свесен сум за предизвикот кој ни го дава Арсенал“, изјави Гвардиола и додаде:

„Во Англија ние сме најголемиот надразнувач, сите сакаат да не победат. Ние го чувствуваме. Воопшто не ни се допаѓаат“, сподели тренерот на „граѓаните“.

Тој ја прокоментира и тешката повреда на Родри, кој ќе отсуствува до крајот на сезоната.

„Дури и да ми ги дадете сите можни пари за да купам замена за Родри, тоа не би било можно. Нема друг играч како него на пазарот. Сепак, бидете сигурни дека можеме без него. Јас сум оптимист. Кевин Де Брујне беше повреден една година, а сепак станавме шампиони. Во оваа фаза не помислувам да донесам замена за Родри. Ако ситуацијата се промени, ќе реагираме, но во моментов сум среќен со тимот што го имам“, објасни Гвардиола.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ