Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Денеска на ЕУРО: Роналдо против Словенците, дербито е Франција – Белгија

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Денеска на програмата се уште два осминафинални меча од тековното ЕУРО. Во Дизелдорф (18 ч) се среќаваат Франција и Белгија, а во Франкфурт (21 ч) играат Португалија и Словенија. Победниците од овие два меча ќе се сретнат во четвртфиналето.

Секако дека сите очекуваат тоа да бидат Франција и Португалија, но сепак ова е фудбал.

Јасно е дека дербито на денот, но и дербито на осминафиналето е дуелот меѓу Франција – Белгија. И двете селекции, а посебно, Белгија не покажаа којзнае што, но во нокаут фазата е сосема нешто друго. Овде нема поправен, овде секој гол и тоа како решава за тоа кој ќе се радува на крајот. Реално Мбапе и другарите се фаворити на хартија.

Ќе можат ли Словенците вечерва во Франкфурт да направат сензација? Избранците на Матјаж Кек во групната фаза беа одлични, покажаа дека знаат да играат против фаворитите, но вечерва ќе мораат против Роналдо и силната Португалија.

Во секој случај очекуваме два атрактивни натпревари, а како што рековме победниците ќе си закажат четвртфинална пресметка.

ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2024 – ОСМИНАФИНАЛЕ

ДИЗЕЛДОРФ (18:00 Ч):

ФРАНЦИЈА – БЕЛГИЈА

ФРАНКФУРТ (21:00 Ч):

ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ