Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

На Артета му се насмевнува потежок договор и улога на „новиот Венгер“

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека има силна врска со клубот и дека нема пречки да потпише нов договор. Договорот на Шпанецот истекува на крајот од следната сезона и се очекува наскоро да биде продолжен.

Заемна желба е успешната соработка да продолжи и во иднина, па прашање на денови е кога се ќе биде официјализирано.

Според актуелниот договор, Шпанецот заработува девет милиони фунти по сезона. Новиот ќе му донесе многу повеќе пари, а крајната цел е негова целосна слобода поради авторитетот што го изгради и сличната улога што ја имаше легендарниот Арсен Венгер во овој клуб.

Артета минатата сезона заврши на второто место во Премиер лигата со Арсенал, со два бода помалку од Манчестер Сити. Во Лигата на шампионите овој тим го запре Баерн во четвртфиналето.

Договорот се уште не е обновен, но тоа не ги менува работите. „Среќен сум како ме ценат во клубот и како го претставувам“, изјави Артета и додаде:

„Работите се одвиваат природно, а нашиот однос е добар така што нема да има никакви проблеми. Работите мора да се развиваат на вистински начин и тоа ќе се случи“, заклучи Артета.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ