Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Чави го разгори огнот: Лионел Меси се враќа на Камп Ноу!?

4 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лионел Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година и замина во ПСЖ. Одвреме-навреме се зборува за негово враќање, а сега приказната ја ажурира ни помалку ни повеќе туку тренерот , Чави Хернандез.

Во интервјуто кое го објави Hindustan Times, Чави ја коментираше можноста за враќање на најдобриот играч на Светското првенство во Катар во главниот град на Каталонија.

“Зошто да не? Тој одлучува што сака. Тој најдобро знае што чувствува. Се разбира, Барселона секогаш ќе биде негов дом. Тој знае дека има отворена врата овде, особено ако јас сум тренер. Ајде да видиме што сака да прави. Одлуката повеќе зависи од него отколку од клубот“, изјави Чави многу директно и искрено.

Не така одамна угледниот новинар и трансфер гуру Фабрицио Романо објави дека Меси сака да остане во Париз. Се зборуваше и за негова преселба во Саудиска Арабија и играње за Ал-Хилал, но тоа изгледа малку веројатно.

Договорот на ѕвездата со ПСЖ истекува на крајот на оваа сезона, односно на 30 јуни, па неговата одлука за продолжување на кариерата треба да се очекува во блиска иднина.

Лео Меси оваа сезона одигра 23 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 14 асистенции. Вкупно, тој забележа 57 настапи за парискиот клуб и постигна 25 гола.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ