Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Атлетико се избрука на „Мендизороса“

21 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Атлетико Мадрид, по елиминацијата од Борусија Дортмунд во ЛШ, претрпе уште една шлаканица овојпат на гостувањето кај Алавес. Тимот на Чоло Симеоне е поразен со 2:0, а со тоа се потсети на една негативна серија од 1999 година.
Имено Атлетико прима гол(ови) на 12 меча по ред во сите натпреварувања (21 вкупно) што е нивна најлоша серија по 1999 година (исто 12 меча, но 23 примени голови).
Алавес поведе со гол на Бенавидез во 15. минута од мечот. Во 92 минута точка стави Риоха.
Атлетико е четвртопласиран на табелата со 61 бод по 32 кола, три повеќе од петтопласираниот Атлетик Билбао. Алавес е на 13-тата позиција и ја запиша деветтата победа.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ