Интересни вести доаѓаат од Шпанија каде Барселона се обидува со сите сили да најде нови решенија за стекнување финансиска стабилност во клубот.
Имено, каталонскиот гигант неодамна објави дека на аукција ќе бидат ставени неколку предмети од Камп Ноу, меѓу кои се најдоа и шкафчињата за пресоблекување на некои поранешни фудбалери. Аукцијата ќе трае од 23 јануари до 12 февруари и како најскап предмет е шкафчето на Лионел Меси, кое има цена од 350 илјади евра. Исто така на продажба ќе бидат и шкафчињата на Луис Суарез, Жерард Пике, Роналдињо, Нејмар и Гави по цена која ќе варира од 20 илјади евра до 200 илјади евра.
Освен шкафчиња Барса ќе продава и корнер знаменца, заштитно стакло од клупите за резерви, делови од тревникот, како и фотографии од тимовите на Барселона кои ја освоиле Лигата на шампиони.