Во локалното дерби на Лондон помеѓу екипите на Арсенал и Тотенхем, „Топџиите“, на свој терен успеа да слави со конечни 2:1, во екстра дерби. Иако Тотенхем стигна до водство на овој меч преку Сон во 25. минута сепак, домаќинот успеа да направи комплетен пресврт и да дојде до трите бода.
Соланке си постигна автогол во 40. минута, за да по само четири минути Тросард да направи комплетен пресврт.
Во вториот дел имаше грст шанси но немаше голови. Тотенхем во финишот тргна во тотална офанзива но не успеа да реализира.
Евертон направи кикс на домашен терен и загуби од Астон Вила со 0:1, преку голот на Оли Воткинс. Лестер пак исто така не ја искористи предноста на домашниот терен и загуби од Кристал Палас со 0:2, додека пак таква грешка не направи Њукасл и обезбеди три бода со победата од 3:0 над Вулверхемптон.