Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Антонио е друг човек по сообраќајната несреќа

1 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Играчот на Вест Хем, Микаил Антонио на почетокот на месец декември имаше страшна сообраќајна несреќа, во која остана жив за среќа, но очигледно се здоби со сериозни повреди.

Тој дури вчера ја напушти болницата во која што се лекуваше и за прв пат се огласи на социјалните мрежи по настанот. На сликата се гледа дека тој има сериозни последици од несреќата и дека ќе му треба долго време за да се врати на терените.

Сепак, и покрај шпекулациите дека тој можеби нема да може повеќе да се бави со професионален фудбал, истите се отфрлени, но е потврдено дека за него сезонава е завршена.

Од болницата во Лондон во текот на вчерашниот ден, дозволиле тој да си замине и да го продолжи лекувањето во домашни услови.

„Секоја година во овој период се прашувам за што сум благодарен, и секој пат се борам да ги пронајдам правите зборови. Овојпат точно знам за што сум благодарен“ – напиша фудбалерот на Вест Хем.

 

https://twitter.com/eurofootcom/status/1874392464900923562

sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ