Според генералштабот на Украина, нападот предизвикал повеќе експлозии и голем пожар во нафтениот склад „Кристал“, кој, како што се наведува, е клучен за снабдување на аеродромот „Енгелс-2“. „Овој напад создава сериозни логистички проблеми за руската стратегиска авијација и значително ја намалува способноста на окупаторите да извршуваат напади врз украинските градови“, стои во објавата на украинската војска на Телеграм. Руските власти од регионот саратов потврдија дека напад со украински дрон предизвикал голем пожар на индустриски објект во областа.