Синот на новоизбраниот американски претседател ќе снима материјал за подкаст на својата еднодневна приватна посета. Доналд Трамп изјави дека неговиот син ќе патува со неколкумина претставници на Гренланд и притоа „ќе посетат некои од неговите најпрекрасни области“.
Тој минатиот месец повторно почна да говори за ставањето на автономната данска територија под американска власт, велејќи дека тоа е неопходно за националната безбедност на САД. За време на првиот мандат, тој пројави интерес за купување на Гренланд, што и тогаш и сега беше отфрлено од лидерите на островот.