Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Сириски бунтовници: Нема да им одредуваме на жените како да се облекуваат

10 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, главната команда наведе дека е строго забрането мешање во начинот на облекување на жените, објави Гардијан.

„Строго е забрането да се меша во облекувањето на жените или да се наметнуваат какви било барања поврзани со нивната облека или изглед“, велат тие.

Во соопштението се нагласува и дека личната слобода е загарантирана за сите Сиријци и дека почитувањето на човековите права е основа за градење цивилизирана нација. Дополнително, главната команда најави воведување на нулта толеранција за насилство врз новинари и други лица кои работат во медиумите. За закани им е предвидена затворска казна од една година, велат оттаму.

Абу Мохамед ал Џолани, водачот на сириските бунтовнички сили кои го соборија Асад, ги прекина своите врски со Ал Каеда. Сега тој се прикажува себеси како застапник на различноста и толеранцијата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ