Во интервју за магазинот „Штерн“, објавено денеска, Шолц ја нагласи клучната улога на САД во демократскиот развој на Германија, како на Западот по Втората светска војна, така и низ целата земја по мирната револуција во Источна Германија.
- Оваа историска основа е цврста и ќе ги поддржува трансатлантските односи уште долго време, рече Шолц, потенцирајќи ја важноста на ефективната соработка со новата американска влада.
Шолц откри дека досега двапати разговарал со Трамп и ги опиша разговорите како „исклучително пријателски“.
Кога беше прашан за присуството на инаугурацијата, Шолц изјави дека „американската администрација, како што е обичај, го покани германскиот амбасадор“./МИА