Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Силен земјотрес во Тибет – најмалку 95 лица загинаа, 130 се повредени

7 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Утринава се затресе хималајскиот регион, разорниот земјотрес од 7,1 степени по Рихтер најсилно се почуствува во Шигаце, вториот најголем град во автономниот кинески регион Тибет кој има 800.000 жители и е дом на тибетанскиот будизам...

Некои успеаја да избегаат од своите домови, избезумени и во паника барајќи отворено место каде што не може нешто да се сруши врз нив.. Тие се со часови на улиците, бидејќи земјотресот бил проследен од најмалку 14 сериозни афтер шокови, со магнитуда од преку 4 степени...

Други пак, за жал ја немаа таа среќа, досега има околу 100 жртви, бројка која властите во Кина очекуваат да порасне.. Според последните информации, повредени се десетици лица, а по над 100 се уште се трага под рушевините...

Првичната помош која ја испратила владата брои 1500 лица, вклучувајќи ја и војската, а на терен затекнаа страотна слика од рушевини, испукани улици и ѕидови и расфрлани камења на секаде – разорниот земјотрес сруши најмалку 1.000 куќи.. Кинескиот претседател Си Ѓинпинг кажа дека ќе се преземат сеопфатни напори за пребарување на лица и минимизирање на бројот на жртви. Испратени се шатори и се што е најпотребно за погодените од земјотресот..

Епицентарот на земјотресот е на само 80 километри северно од Монт Еверест, односно во регионот Тингри кој го сочинуваат шест села во кои живеат 62 000 лица. Станува збор за недостапни места особено во зима, бидејќи се наоѓаат на 4.000 метри надморска височина.. во моментов се кројат планови за екипите за помош да пристигнат таму...

Земјотресот кој почнал да тресе во 9 часот навечер по локално време, бил на само 10 км длабочина се почуствувал во Непал и во региони од Индија. Во овој регион земјотресите се чести, а во последните неколку години овој е најсмртоносен земјотрес кој го видела кина. Во изминатите пет години не бил почуствуван посилен земјотрес во радиус од 200 километри.

Земјотрес утринава имаше и во Македонија од 2,2 степени според рихтер на 130км југоисточно од Скопје во близина на Дојранското езеро. Овој земјотрес е втор во рок од 24 часа, откако вчера околу 19 часот беше регистриран потрес од 2,5 степени, на 25 километри северозападно од Скопје.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ