Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русија издаде нов учебник и ги повикува учениците во војска: НАТО ја планираше војната

13 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Учебникот е дизајниран за новиот предмет „Основи на домашната безбедност и одбрана“, кој е задолжителен за сите средношколци на возраст од 15 до 18 години во Русија и окупираните територии на Украина.

Учениците ќе ги посетуваат овие часови еднаш неделно, а е воведен како замена за „Основи на безбеден живот“. Најверојатно ќе го предаваат поранешни војници. Првиот учебник за новиот предмет насловен „Руската армија во одбрана на татковината“ го објави руската издавачка куќа „Просветителство“.

368-те страници на учебникот се исполнети со приказни за „херојските достигнувања на руските војници“ од 13 век до денес. Во делот кој ја опишува актуелната инвазија на Украина, презентирани се многу невистинити информации кои служат како оправдување за војната, пишува Би-Би-Си.

„Кога имаше државен удар во Киев во 2014 година, новата влада започна акција против сѐ што е руско. Палеа руски книги, уништуваа споменици, ги забранија руските песни и рускиот јазик. Во рестораните се служеа коктели со „руска крв““. напишано е во учебникот.

„Градовите во регионите Луганск и Доњецк, каде што имаше противење на таквата политика, беа бомбардирани со нацистички гранати и ракети“, се вели во лекцијата, додавајќи дека НАТО и Украина планирале да започнат војна. Во учебникот се наведува и дека украинскиот пристанишен град Мариупол, кој речиси три месеци бил бомбардиран од руските сили, бил уништен за време на борбите со „нацистите“ и „странските платеници“.

На страниците на „Руската армија во одбрана на татковината“ се наведени потребните документи и линкови до формуларот за апликација за армијата, како и блиските адреси на канцелариите за регрутирање. Нагласени се и воените поволности како бесплатна медицинска нега и осигурување, атрактивна плата и три оброци дневно.

Русија не објави податоци за загубите во војната во Украина, но во двегодишниот конфликт загинале најмалку 1.240 војници помлади од 20 години.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ