Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русин избодел Украинци во Германија- сите заедно пиеле пред масакрот

29 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што пренесува „Билд.де“, ова мало гратче во Баварија било место на страшно злосторство.

Жртвите, Владимир Кожин и Вјачеслав Безугли, на возраст од 36, односно 23 години, биле на медицинска рехабилитација. Ги убил 57-годишен руски државјанин, чиј идентитет не е наведен. Жртвите и убиецот биле заедно и пиеле пред да се случи злосторството. Еден украински војник загинал на лице место, а другиот починал малку подоцна во болница.

Убиецот набрзо бил уапсен, а украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ѝ се заблагодарил на германската полиција за брзата реакција. Вчера попладне се одржа комеморативна средба за жртвите на која присуствуваа многу Украинци.

„Мотивите на ова злосторство мора целосно да се истражат“, рече Јоаким Херман (67), министер за внатрешни работи на Баварија.

Украинскиот министер за надворешни работи им наложи на персоналот внимателно да го следи случајот и да биде во контакт со безбедносните служби во Германија, за да се осигура дека сторителот ќе ја добие заслужената казна. Германските медиуми објавија дека во моментов нема докази за поврзување на двојното убиство со руската инвазија на Украина.

Жртвите и убиецот се познавале од порано и најверојатно големите количества алкохол биле поттик за злосторството. Истрагата продолжува.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ