Најмалку десет лица, меѓу кои и деца, загинаа во ракетен напад на фудбалско игралиште во Голанската висорамнина окупирана од Израел во саботата, пренесува <a href="https://www.reuters.com/world/middle-east/nine-people-killed-rocket-hits-football-pitch-israeli-occupied-golan-israel-2024-07-27/">Ројтерс</a>, што е најлошиот инцидент досега во повеќемесечните насилства меѓу Израел и вооружените групи во Либан.
Додека десетици други се повредени во нападот, на социјалните мрежи кружат теории дека бројката на загинати е далеку поголема и официјалните бројки се очекуваат да растат.
Израелската војска соопшти дека ракетата била истрелана од либанската група Хезболах.
Групата поддржана од Иран негираше каква било вмешаност во нападот, што изгледаше дека ќе предизвика жесток одговор од Израел. Понатаму, се тврди дека ракетата е можно да е по грешка испукана од израелскиот заштитен систем Железна Купола.