<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Двајца од
клучните советници на Доналд Трамп му претставиле план за ставање крај на
војната во Украина доколку победи на изборите, кој вклучува одредба дека Киев
ќе добие повеќе американско оружје само доколку се согласи на мировни
преговори.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Еден од
советниците за национална безбедност на Трамп, пензионираниот генерал-полковник
Кит Келог, рече дека, според овој план, САД истовремено ќе ја предупредат
Москва дека секое одбивање да преговара ќе резултира со поголема поддршка од
Вашингтон за Украина, објави Ројтерс.</span>
Според планот, кој го подготвиле Келог и советникот на
Трамп, Фредерик Флејц, за време на мировните преговори меѓу Украина и Русија,
на повеќето борбени линии ќе стапи на сила прекин на огнот.
Келог и Флејц му го претставиле својот план на Трамп, а
според Флејц, Трамп позитивно реагирал на тој документ. Планот, исто така,
предвидува членството на Украина во НАТО да се одложи за подолг период за да се
охрабри Русија да преговара за мир.
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Трамп постојано
изјави дека негов приоритет, доколку добие втор претседателски мандат, ќе бидат
итни преговори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Поранешниот
претседател на САД ја отфрли можноста за испраќање американски војници во
Украина минатата недела и навести дека наскоро ќе ја намали помошта за Киев
доколку биде избран на претседателските избори во ноември.</span>