Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Остин: Американската војска треба да остане во Сирија за да се спротивстави на групата ИД

9 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 САД мора да одржат воено присуство во Сирија за да ја спречат групата ИД повторно да се појави како закана по падот на владата на Башар ал Асад, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.

Таму се уште се потребни американски сили, првенствено за безбедност на камповите за десетици илјади поранешни борци на ИД и нивни семејства, рече шефот на Пентагон во едно од неговите последни интервјуа за американски медиуми.

Според различни проценки, меѓу 8.000 и 10.000 борци на групата се во камповите, а најмалку 2.000 од нив се верува дека се многу опасни.

-Мојот став е дека ако Сирија е незаштитена, борците на ИСИС повторно ќе станат една од главните струи, рече Остин во воздухопловната база Рамштајн во Германија, каде што пристигна да разговара за воената помош за Украина со околу 50 други партнерски земји. Тој употребил друг акроним за групата Исламска држава („Исламска држава во Ирак и Левант“, ИДИЛ).

Во 2018 година, за време на неговиот прв мандат, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да ги повлече сите американски сили од Сирија, што предизвика оставка на поранешниот секретар за одбрана Џим Матис. Минатиот месец, за време на офанзивата на групата Хајат Тахрир ал-Шам против Асад, Трамп објави на социјалните мрежи дека војската на Вашингтон треба да остане настрана од конфликтот.

САД одржуваат контингент од околу 2.000 војници во Сирија, чија задача е да се борат против Исламската држава; Тоа е многу повеќе од тврдењата со години на официјални претставници, според кои бројката е 900 лица. Тие беа испратени во Сирија во 2015 година, откако радикалната група зазеде големи делови од оваа блискоисточна земја. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ