Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

На авион во лет му отпадна тркало, падна и уништи паркирани автомобили (ВИДЕО)

8 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тркалото што вчера падна од патнички авион паднало врз автомобили на паркингот на аеродромот во Сан Франциско, јавуваат меѓународните агенции.

Автомобилите се оштетени, но нема повредени, објави локалната телевизија КРОН4.

Авионот безбедно слетал на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, соопшти Федералната управа за авијација на САД. На видеото може да се види како авионот полетува, а веднаш по полетувањето му паѓа гумата и паѓа врз автомобил кој бил паркиран до пистата.

„Ние сме им благодарни на нашите пилоти и кабинскиот екипаж за професионализмот што го покажаа во дадената ситуација. Благодарни сме и на нашите тимови на теренот кои чекаа со шлепер да го одвлечат авионот кога слета. Ви благодариме и на нашите тимови на аеродромот кои им помогнаа на патниците“, се вели во соопштението на Јунајтед ерлајнс.

Авиокомпанијата соопшти дека ќе работи со сопствениците на оштетените автомобили за да се надомести штетата. Гумата била една од 12-те на двете главни носачи на опремата за слетување на Боинг 777-200.

„Авионот е дизајниран да слета безбедно дури и ако падне гума, или ако се оштети“, велат од Јунајтед.

Во авионот имало 235 патници, десет членови на екипажот во кабината и четворица пилоти.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ