Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

„Момчето Буда“ е осуден на 10 години затвор поради напад врз малолетничка

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Момчето Буда“, за кое некои веруваат дека е реинкарнација на основачот на будизмот, исто така добил наредба од судија на Окружниот суд во јужен Непал да плати 3.700 долари како реституција на жртвата, објави АП.

Решението на судот може да се обжали во рок од 70 дена.

Минатата недела, непалскиот суд го прогласи „Буда Бој“ - Рам Бахадур Бамјан (33) за виновен за сексуално злоставување деца.

Адвокатот на Бамјан рече дека немало докази против неговиот клиент и дека ќе поднесе жалба до повисокиот суд.

Бамјан беше уапсен во јануари во куќа на периферијата на Катманду каде што се криеше откако судот издаде налог за негово апсење под обвинение за сексуална злоупотреба и вмешаност во исчезнувањето на најмалку четворица негови следбеници.

При апсењето му биле запленети непалски банкноти во вредност од 227.000 долари и други странски валути во вредност од 23.000 долари, соопшти полицијата.

Како тинејџер, Бамјан привлече меѓународно внимание во 2005 година кога седеше со скрстени нозе под дрво во густа шума во југоисточен Непал речиси 10 месеци.

Неговите приврзаници рекоа дека тој може да медитира неколку дена без вода, храна или сон.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ