Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Шпанија се уапсени 54 лица поради изнуда на пари и грабежи од постари граѓани

3 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Користејќи комбинација од лажни телефонски повици и социјален инженеринг, членовите на криминалната група од жртвите изнудиле 2,5 милиони евра, се вели во соопштението.

Некои од најмалку 84 потврдени жртви ги загубиле животните заштеди кога криминалците ги принудиле да им ги предадат парите на нивниот праг.

Шпанската национална полиција и португалската правосудна полиција спровеле 19 рации низ Пиринејскиот Полуостров и заплениле важни дигитални и физички докази за злосторствата.

Еден од главните криминалци бил фатен на лице место и уапсен; со тоа што полицијата го нашла како седи пред својот компјутер со банкарските податоци на една од жртвите.

Освен што собрале компјутери, лаптопи, мобилни телефони, сим картички и замрзнувале банкарски сметки, во претресените простории на лице место биле пронајдени и канабис и кокаин.

Користејќи докажан начин на работа и делејќи ја работата помеѓу членовите, криминалната мрежа систематски ги таргетирала постарите шпански граѓани.

Претставувајќи се како вработен во банка, криминалецот ја контактирал жртвата и ја убедувал дека има проблем со неговата банкарска сметка. Оваа криминална тактика најчесто се спроведувала преку телефон.

Откако ќе извлечеле некои основни информации, имитаторот ќе ги споделел со другите членови на криминалната мрежа кои се појавувале на прагот на жртвите.

Преку притисок врз жртвите со тактики за заплашување и социјален инженеринг, измамниците ги преземале платежните или кредитните картички и ќе извлечеле PIN-кодови и банкарски детали. Во некои случаи, криминалците, исто така, насилно влегувале во домовите на жртвите, крадејќи готовина и вредни предмети како што е накит.

Како последен чекор во овој криминален процес, сторителите ги користеле украдените картички за подигање пари од банкомати или скапи набавки, додека банкарските податоци биле злоупотребени за т.н. преземање сметка.

Средствата биле депонирани на неколку шпански и португалски сметки контролирани од измамниците, од каде биле канализирани во разработена шема за перење пари. За да се прикрие потеклото на недозволените средства се користела широка мрежа на преносители на пари, надгледувани од специјализирани членови на организацијата.

Користејќи ги аналитичките и координативните способности на Европол, истражителите од Шпанија и Португалија работеле со експерти на Европол на оперативните состаноци за да создадат разузнавачка слика, се вели во соопштението.

Во Шпанија се приведени 40 осомничени, а тројца се во притвор во Португалија и чекаат екстрадиција во Шпанија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ