Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Маск негира дека е во „романтична врска“ со италијанската премиерка Мелони

26 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

"Бев таму со мајка ми. Нема романтична врска со премиерката Мелони", напиша Маск на платформата X под фотографијата на која тој и италијанската премиерка се гледаат за време на гала вечерата.

Маск на доделувањето рече дека Мелони е „уште поубава одвнатре отколку однадвор“, а италијанската премиерка одговори дека е „скапоцен гениј“, објави Политико.

Во понеделникот на Мелони ѝ ја врачи наградата „Глобален граѓанин“ на Атлантскиот совет, кога исто така рече дека италијанската премиерка е автентична, чесна и внимателна.

Мелони потоа одржа говор во одбрана на западните вредности, на крајот Маск стана и аплаудираше.

Маск и Мелони се сретнаа неколку пати во последниве години и споделуваат загриженост за падот на наталитетот на Запад, како и интересот за употребата на вештачката интелигенција.

Американскиот бизнисмен има неколку патувања во Рим и ја пофали италијанската влада за нејзината остра политика кон имиграцијата.

Во последните месеци Маск јавно го поддржа поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп на претстојните избори.

Мелони денеска тврдеше дека изборот на Маск да ја најави додека ја прима наградата во понеделник е направен пред неколку месеци и не е поврзан со предизборната кампања во САД и поддршката на Маск за Трамп.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ