За време на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (Афет), Кос зборуваше за напредокот на 10-те кандидати за членство во ЕУ, а кога станува збор за отворање на Кластерот три во преговорите со Србија, таа рече дека се следат заклучоците од нон-пејперот и тоа што Србија вети дека ќе го направи.
Таа се осврна и на изборите во Косово, наведувајќи дека за Западен Балкан не може да се разговара без да се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина и изрази надеж дека ќе биде постигнат напредок по тие избори, кои се закажани за 9 февруари./МИА